Македонија
13. October 2019 - 18:33

Детектор анкета: СДСМ најзаслужна партија за македонските евроинтеграции

Владата и владејачката СДСМ ќе ја носат одговорноста за епилогот по состанокот на шефовите на држави и влади идната недела во Брисел, од кој Македонија очекува датум за старт на преговорите.
Според анкетата која за потребите на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје 34,7% од анкетираните граѓани сметаат дека власта ќе биде одговорна ако останеме без датум за преговори. 19,7% одговорноста во таква ситуација ќе ја бараат кај опозицијата, 8,2% кај некои од земјите членки додека 5% на друго место.
Од друга страна, за 30,9% граѓаните , владејачката СДСМ е партијата која направила најмногу за приближувањето на Македонија кон Европската Унија. 10,1% најголеми заслуги за интеграциите му даваат на ВМРО-ДПМНЕ, 6,4% на ДУИ и 3% на Алијансата за Албанците.
Интересно е што 30,6% од граѓаните сметаат дека ниту една од партиите нема заслуги за приближувањето на Македонија кон Европската Унија.
Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор ја спроведе оваа телефонска анкета во периодот меѓу 14 и 17 септември годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници.