Македонија
20. December 2017 - 19:53

Детали за убиството во Чаир: 24-годишно момче настрада во пукање во движење

Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. 

Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. 

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Директорот на  ТОАРИЛУЦ,  Илир Хасани за МИА изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно. 

На местото на настанот увид вршеа полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.