Македонија
31. March 2021 - 15:36

Детали за починатите родилки: Биле на возраст од 33 и 32 години, породени со царски рез

Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19, дознава Плусинфо.

За двете ова било втора рожба и двете биле во многу тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба.

33-годишната родилка од Делчево жена од Делчево, била породена со царски рез, термински, и родила здраво машко бебе од 2.900 грама кое во добра општа состојба веќе е испишано од ГАК со тежина од 3.200 грама.

Родилката била примена на ГАК на 10 март во лоша состојба, фебрилна со 38,5 температура, со ниска сатурација и со кашлица. Породена е на 11 март и поради влошување на клиничката состојба, на 14 март е препратена на понатамошно лекување во ГОБ „8 Септември“.

Ден пред хоспитализација на ГАК, на 9 март добила негативен PCR тест, а на Клиниката за гинекологија на 10 март добила позитивен резултат по направен антигенски рапид тест.

Втората почината родилка е 32-годишна скопјанка. Породена е предтермински, со царски рез во 30 недела од бременоста. И таа е второротка.

Родилката била донесена од Инфективната клиника во Скопје на ГАК на 20 март во тешка состојба и само неколку часа по породувањето, поради исклучително лошата клиничка состојба, била препратена на КАРИЛ.

Предвременото роденото бебе е женско, кое сѐ уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега на ГАК е респираторно зависно.