Дескоска се сретна со делегација на германското стопанстсво во Македонија
Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска имаше средба со делегација на германското стопанство во Македонија, составена од шефот на делегацијата Патрик Мартенс, координаторот на проектот Тобијас Боле и проектниот асистент Дејан Чуповски.
МОН соопшти дека на средбата станало збор за популаризирањето на средното стручно образование и реформите во наставните планови и програми кои треба да придонесат во создавањето млади луѓе кои по завршувањето на средното образование ќе бидат високо квалификувани и компетитивни на пазарот на трудот.
Дескоска ја потенцираше потребата од вклученост на стопанската комора во процесот со цел подобро усогласување на потребите на пазарот на трудот и профилирањето на работниот кадар и истакна дека инвестирањето и модернизирањето на средното стручно образование ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места.
Според видот на образованието, оваа година бројот на новозапишани ученици во гимназиите изнеснува 6.665, додека пак бројот на новозапишани ученици во средните стручни училишта изнесува 10.023 ученици.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран