Десет години затвор или 29 милиони казна?!
Расте притисокот врз ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо од страна на шпанската даночна полиција. Според пишувањата во шпанските медиуми, Португалецот може да заработи казна затвор од 10 години, доколку не уплати сума од 29 милиони евра на даночната управа.
Португалецот е под истрага поради неплатен данок во висина од 14,7 милиони евра, но ѕвездата на Реал Мадрид постојано тврди дека е невин и дека не направил ништо незаконски. Сепак, државата не простува на никого. Тој е обвинет дека заедно со своите советници, намерно отворил фиктивна форма во земјите кои се „рај за избегнување на даноците“ и таму ги префрлал сите пари од спонзорските договори.
Обвинението бара Роналдо да плати 29 милиони евра, но и да се изјасни дека е виновен во овој случај. Кристијано не е првиот фудбалер со вакви проблеми во Шпанија. Претходно низ истото поминаа и Лионел Меси, Хавиер Маскерано, Марсело, Рикарод Карвалјо, Анхел ди Марија и уште многу други познати фудбалери
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар