Македонија
4. August 2018 - 11:04

Денови на овчарство

Во селото Маврово денеска ќе се одржат 12. Денови на овчарство.

На манифестацијата, традиционално, ќе се стрижат овци, ќе се дегустира овчо сирење и ќе има борба со пеливани.

Гостите ќе можат да пробаат овчарски грав и да ја погледнат изложбата на шарпланинци.

Вообичаено, на крајот ќе се бира најдоброто овчо бело сирење.

Деновите на овчарство ги организира Јавното претпријатие за стопансиување со пасишта, а поддржувач е Министерството за земјоделство.

На манифестацијата ќе се обратат заменик-министерот Благе Цветковиќ, претседателот на Регионалното здружение на овчари Меџит Амити и градоначалникот на Маврово-Ростуше Медат Куртовски.