Ракомет
11. April 2018 - 10:48

Денеска во „Сити мол“ дружење со ракометарите на Вардар во пресрет на Ф4 на СЕХА лигата

Пред почетокот на Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата денеска во периодот од 16 до 18 часот во Сити мол ќе има дружење со ракометарите на Вардар, а истовремено ќе имате шанса да освоите и доста вредни награди.
 
Вардар е технички организатор на Ф4 турнирот и заедно со СЕХА лигата ќе огранизираат различни наградни игри и запознавања со турнирот. Ќе може да добиете автограм од ракометарите на Вардар, да направите селфи..
 
Се што треба да сторите е да бидете во Сити мол во периодот од 16 до 18 часот.
А таму ќе ве чекаат: Иван Чупиќ, Даинис Криштопанс, Хорхе Македа, Игор Карачиќ, Мартин Поповски и Рожерио Мораеш Фереира.
 
Во петок се играат полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот.
Од 17,45 часот во првото полуфинале се среќаваат Вардар и Мешков, а од 20,15 часот играат ППД Загреб и Целје. Победниците ќе играат во финалето во недела од 20,15 часот.
 
Билети се продаваат преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk