Loading Video...
Ракомет
18. May 2022 - 13:41

Денеска ќе ги дознаеме првите патници на „Ф4“ во Лигата на шампионите

Екипите на Веспрем и Киелце се на чекор до пласман на завршниот фајнал-фор трурнир во ракометната Лига на шампиони.
 
Унгарскиот и полскиот тим влегуваат со предност во денешните реванш четвртфинални средби против Алборг и Монпелје. 
 
Веспрем во Данска против Алборг го започнува реванш мечот со убедливи седум голови разлика откако прбиот дуел унгарскиот тим го доби на домашен терен со 36-29.
 
Значајна предност пред својата публика ќе имаат и ракометарите на Киелце кои пак на гостувањето во Франција кај Монпелје славеа со 31-28. Дуелот во Данска започна од 18:45 часот, а онов во Полска во 20:45. 
 
Во истите термини утре ќе се играат и преостанатите две реванш средби во кои Барслеона со четири гола предност ќе го пречека Фленсбург, додека мечот меѓу Кил и ПСЖ ќе започне со нерешените 30-30 од првата средба во Париз.