-->
-->
Денеска е Св. свештеномаченик Автоном
-->
За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос. Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил. Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабошците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот. Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците