Македонија
16. November 2019 - 8:28

Денеска е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска

Денес Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Ѓорѓи во Лида Палестинска, родното место на неговата мајка. Празнувањето на преносот на моштите е пракса која укажува дека Црквата верува не само во воскресението на душата, туку и на телото, т.е. во воскресението на целиот човек. За време на император Констанин во Лида беше подигнат храм, посветен на свети Ѓорѓи, во кој беа сместени чудотворните мошти на овој светител.