Денеска е најтмурниот ден во годината
Почеток на уште една работна недела. Празничната еуфорија спласнува. Ги добиваме првите овогодишни сметки, а во минус сме поради празничните трошоци. Веќе гледаме дека новогодишните ветувања кон себе се тешко остварливи. Температурата е во минус… Сѐ ова заедно, според стручните лица, го прави денешниот ден најтмурен во годината.
Тоа, по правило, е третиот понеделник во јануари. Формулата со која е дојдено до тој заклучок во 2005 година ја претстави психологот Клиф Арнел, и таа гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA. Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.
Тоа го потврдуваат и бројни анкети, во кои луѓето се согласуваат дека ова навистина е многу лош ден за расположението и човековата психа.
Затоа денеска, на пример, некои маркети во Велика Британија бесплатно ќе делат овошје на своите купувачи во периодот од 15:30 до 17:30 часот, за барем малку да им го разведрат денов.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација