-->
-->
Денеска доделување на Нобеловите награди во Стокхолм и Осло
-->
Овогодинешните Нобелови награди ќе бидат доделени денеска на свечености во Норвешка и Шведска, јави ДПА.
Доделувањето на наградите е предвидено да започне во 12:00 часот по Гринич.
Добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади нема да може лично да ја прими наградата бидејќи е во затвор во Иран. Наградата ќе им биде врачена во Осло на нејзиниот сопруг и двете деца.
Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината работа за човекови права насочена кон правата на жените во Иран.
Нобеловите награди за литература, медицина, физика, хемија и економија ќе ги додели шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф во Стокхолм.
Секоја од овогодинешните награди носи парична награда од 11 милиони шведски круни (околу еден милион американски долари). Лауреатите беа објавени во октомври, а наградите традиционално се доделуваат на годишнината од смртта на основачот на наградите Алфред Нобел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна