Македонија
11. July 2017 - 13:21

Демолирано детското игралиште во урбаната заедница „Влае 1“

Од непознати сторители вчера во доцните вечерни часови целосно е демолирано детското игралиште во урбаната заедница „Влае 1“.

Како што соопшти општина Карпош, само пред една недела биле уништени скоро сите реквизити и урбана опрема на детското игралиште во УЗ „Злокуќани“, како и детското игралиште во УЗ „Владо Тасевски“ во близина на Млечниот ресторан и новоотворениот парк во УЗ „Пецо Божиновски-Кочо“.

Во општина Карпош досега се уништени сите 60 детски игралишта. Локалната самоуправа апелира до своите жители да се воздржат од деструктивни акти бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор и каде најмладите заедно со своите родители се дружат и социјализираат.

Општина Карпош поднела пријави против Н.Н. сторител до МВР и очекува решавање на случаите.