Македонија
13. May 2016 - 9:54

Демократски сојуз бара итна седница на Собранието

Партијата Демократски сојуз (ДС) денеска  упати повик до парламентарните партии кои не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување итна седница на Собранието на Република Македонија.
 
На седницата, соопшти ДС, ќе се донесе одлука за откажување на изборите и ќе се почне постапка за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што наведува, „злоупотреба на функцијата“.
 
ДС очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети. - Со потписот на 63 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски, мора да свика седница со веќе предложениот дневен ред. Наместо да чекаме решенија од странство, ве повикуваме на единство и проактивна акција, се вели во соопштението од ДС.