Македонија
28. March 2016 - 21:31

Делови од Радишани и Центар утре без вода

Дел од корисниците лоцирани на улицата „18“ во скопското село Радишани утре од 9.30 часот ќе бидат без вода. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „18/38“ во Радишани. Прекинот ќе биде се до санирање на дефектот.

Поради изведување приклучок на улицата „Дебарца“ 61 во населбата Центар, утре без вода од 8.30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Градиште“ и „Даме Крапчев“. Прекинот ќе биде се до санирање на дефектот.