Македонија
9. January 2017 - 18:05

Дел од населбата Центар утре без вода

Жителите лоцирани на улицата „Адолф Циборовски“ во населбата Центар утре од 8 часот ќе останат без вода. 

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Адолф Циборовски“. Прекинот ќе биде се до отстранување на дефектот.