-->
-->
Дејвис куп: Македонија во група со Бугарија, Албанија и Исланд
-->

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија на претстојниот турнир од Третата Европска зона од ова натпреварување е дел од групата А што се игра во Пловдив, а ривали ни се: домаќинот и носител Бугарија, Исланд и Албанија.
Во првото коло Македонија ќе игра против Исланд утре.
Во Пловдив боите на нашата репрезентација ќе ги „бранат“: Горазд Србљак, Димитар Грабул, Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски, а селектор е Чедомир Јовановски.
Во Б групата во Пловдив се: Андора, Кипар, Монако (носител) и Сан марино.
Двете првопласирани репрезентации од групите во сабота ќе играат во финалето и победникот следната година ќе учествува во Втората Евро-африканска зона.
Во исто време во Улцињ се играат мечеви во уште две групи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
