Македонија
20. December 2018 - 19:15

Дедо Мраз и оваа година пристигна на Клиниката за детски болести и Клиниката за онкологија

 Со помош на Дедо Мраз од Тимот за спасување на планина на Црвен крст на Град Скопје, кој со јаже се спушти по фасадата на Клиниката за детски болести, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, поделија новогодишни пакетчиња на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.

Од Општина Центар наведоа дека со искрени желби за побрзо оздравување, Богдановиќ и Ангелов, се дружеле, разговарале и се фотографирале со дечињата.

– Сакам да се заблагодарам на Амбасадата и амбасадорот Ангелов, кои веднаш излегоа во пресрет за оваа акција, со што ќе им ги развеселиме и разубавиме предновогодишните денови на овие деца. Ова е порака и до другите општини, јавни институции и општествено одговорни компании и тие да се приклучат на оваа акција, затоа што сите треба да помогнеме на овие деца, секој на свој начин, изјави Богдановиќ.

Амбасадорот Ангелов рече „Дедо Мраз да помогне макар на едно дете оваа година, ќе биде добро“.