Дечкото ја претепал и пукал во неа, 25 годишна велешанка се бори за живот
25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот рано изутрина е однесена во велешката болница, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.
-Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.
Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето кои личеле на повреди од тепање, пишува „Батали.нет“. Порталот пишува дека девојката била донесена во свесна состојба но одбивала да одговара на прашњата на докторите.
Девојката сега е пренесена на лекување во Скопје.
-Во 8:30 часот е примена 25-годишна девојка со прострелна рана во долниот дел на стомакот, по што е препратена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, рече д-р Елена Ќулумова, портпарол на велешката болница.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка