Фудбал
12. November 2015 - 19:49

Дебито на Ангеловски со убедлива победа против Ц.Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра натпревар каков што одамна не сме гледале. Деби на новиот селектор Игор Ангеловски-Мрме од соништата, триумф од 4-0 против солидната селекција на Црна Гора која добро го отвори натпреварот и создаде две шанси кои не ги реализира. 

Потоа следуваа 5-те колосални минути на нашиот тим во кои постигнавме 3 гола. Серијата по ударот на Ибраими ја започна Шиков. На 2-0 зголеми Александар Трајковски од пенал откако претходно беше фаулиран Ибраими.  По една брза контра на Тричковски , Трајковски доби топка на пеналтикот и зголеми на убедливи 3-0. 
Истиот играч во вториот дел постигна хет-трик за убедливи 4-0.  Во финишот од мечот гостите постигнаа почесен погодок за конечни 4-1 на овој меч. 

Македонија го започна мечот во состав: Димитриевски, Ристовски, Жута, Шиков, Мојсов, Стјепановиќ, Глигоров, Ибраими, Трајковски, Тричковски и Крсте Велковски. 

Ова е прва победа на Македонија по пауза од 13 месеци.