Македонија
4. November 2015 - 8:58

Дебата за европските перспективи со учество на европратеници

Фондацијата „Фридрих Еберт“-канцеларија Скопје вечер од 18 часот ќе организира јавна дебата на тема „Предизвиците и очекувањата од сегашната политичка ситуација и европските перспективи“.

Како што најавија организаторите, панелисти на дебата ќе бидат пратеници од Европскиот парламент: претседавачот и заменикот на Групата на прогресивни социјалисти и демократи Џани Питела и Кнут Флекенштајн, и Ричард Ховит, поранешен известувач за Македонија во ЕП.