Македонија
24. August 2017 - 9:08

Дебата: Месните заедници во креирањето локални политики

Месната самоуправа - неискористен потенцијал за јакнење на локалните заедници, е темата на денешниот форум што ќе се одржи денеска во ЕУ инфор центарот. 

Форумот ќе го отворат заменикот-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и советникот на постојаниот претставник на УНДП Харалд Шенкер.

Со овој настан, Министерството за локална самоуправа, како што соопшти, во соработка со УНДП отвара дебата за статусот на месните заедници и нивниот потенцијал за вклучување на граѓаните во вршењето на работите и креирањето политики на локално ниво.

На Форумот се поканети претставници на месни и урбани заедници, претставници од општини, а ќе бидат презентирани и наодите од последните истражувања за функционирањето на месната самоуправа во Република Македонија.