Свет
15. јуни 2019 - 12:31

Деактивирана бомба од Втората светска војна во центарот на Берлин

Германски експерти за експлозив денеска деактивираа бомба од Втора светска војна во центарот на Берлин, откако беше евакуиран дел од градот што ја опфаќа и главната железничка станица, една болница и Министерството за економија.

Британската бомба тешка 500 килограми заостаната од Втората светска војна, беше откриена во текот на градежни работи на почетокот на неделава.

Околу 10.000 лица, меѓу кои и локални жители, пациенти во болницата и службеници, беа евакуирани од 09:00 часот утринава од зградите во радиус од 800 метри од локацијата на која беше пронајдена бомбата.

Во Германија секоја година се откриваат повеќе од 2.000 тони неактивирани бомби и муниција заостанати од Втората светска војна.