Де Мезиер: Соработката на Германија со САД и Велика Британија е одлична
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави денеска дека германската соработка во областа на безбедноста со САД е одлична, додека заедничките интереси со Велика Британија подразибраат дека излегувањето на земјата од Европската унија би требало да има минимално влијание врз безбедносната соработка.
- Можам само да кажам дека транс-атлантската соработка, особено во областа на безбедноста, е со најголемо значење во нашата земја. Убеден сум дека проблеми во соработката за безбедносните прашања при преговорите за Брегзит нема да има. Многу нешта не обединуваат, нагласи Де Мезиер.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја шокираше јавноста во Вашингтон и Лондон со изјавата дека Европа мора да ја преземе судбината во „свои раце“, алудирајќи на тоа дека САД под водство на американскиот претседател Доналд Трамп и Велика Британија по одлуката за Брегзит, не се веќе сигурни партнери.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација