Loading Video...
Кошарка
19. September 2019 - 19:44

Давитков без нов селекторски договор?!

Тамам посмисливме дека кошарката  го фати вистинскиот правец за кам-бек во елитата нов шок за репрезентативните фанови  и целата јавност пристигна денеска кога кошаркарската федерација на Македонија објави дека нема да го продолжи договорот со селекторот Јорданчо Давитков.

                        Од федерацијата нема коментар за овој чекор иако Давитков ја врати Македонија во квалификациите за ЕП 2021г.  но се најавува дека  нашата најдобра кошаркарска репрезентација ќе има нов селектор, познато тренерско име од Македонија со богато интернационално искуство. Медиумите веќе шпекулираат дека желба на претседателот Антиќ е Октај Махмут кој направи големи резултати со турските гиганти Ефес и Галатасај.

            Овој потег на федерацијата го разочара досегашниот селектор Давитков кој реагираше преку Фејсбук:

            „ Се нафатив да ја водам репрезентацијата кога беше најтешко и кога недостасуваа 7-8 играчи и затоа се обратив до сите кои сакаат да помогнат меѓу другите и до Перо Антиќ како активен играч. Но сегашниот претседател ме одби со зборовите- Јоцо што се замараш со овие алудирајни на колегите од националниот тим....оди си во Дубаи и одмарај на плажа. И други луѓе како него ме убедуваа дека е невозможно да се води репрезентацијата од далечина поголема од 10 000 километри но јас се нафатив и чекор по чекор дојдовме до квалификации. Затоа го молам претседателот Антиќ да не се фали дека репрезентацијата и Овие се важни за него – пишува меѓу другото  Јорданчо Давитков во обраќањето до јавноста.

            На потег е федерацијата која треба да потврди дека има вистински човек кој ќе го замени Давитков и ќе ја однесе Македонија на следното ЕП.

ЖИВО