Данскиот министер за надворешни работи утре во Македонија
Министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Андерс Самуелсен, утре ќе претстојува во официјална возвратна посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров на средбата со Самуелсен ќе го информира својот колега за реформските активности на Владата на Репбулика Македонија во клучните области, а посебен акцент ќе биде ставен на поддршката од Данска во процесите на пристапување на нашата земја во европските и евро-атлантските структури.
Воедно, ќе бидат разменети мислења и предлози за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес, интензивирањето на политичкиот дијалог на високо ниво, како и за состојбите во регионот и пошироко.
Ова е прва посета на дански министер за надворешни работи на Република Македонија после 16 години, посочуваат од македонското МНР.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
