Loading Video...
Свет
4. July 2022 - 16:31

Данската полиција соопшти дека нападот во Копенхаген во кој загинаа три лица не е терористички акт

22 годишен маж кој вчера во Копенхаген  смртно застрела 3 лица и четири тешко рани е обвинет за убиство соопшти данскиот суд.

Во нападот во трговскиот центар Филдс загинаа двајца Данци, 17 годишници и 47 годишен руски државјанин. Мотивите за пукањето не се познати а а според плицијата нема индиции за терористички мотив. Напаѓачот кој е дански државјванин имал проблеми со менталното здравјето. Во нападот користел пушка и пукал во луѓето по случаен избор.

Данската премиерка Мете Фредриксон го осуди смртоносното пукање во трговскиот центар во Копенхаген како „суров напад“, повикувајќи ги граѓаните во земјата на сплотеност и на поддржување едни со други.