Бизнис
5. February 2019 - 20:36

Данок на добивка ќе се плаќа и на добивка која реално не постои?

Фирмите ќе бидат даночени и  за добивка која реално не постои. Со новите измени во законот за данок на добивка во случај на судски спорт меѓу компанија која побарува и компанија која должи, судот пресуди долгот да се плати, компанијата ќе треба да го плати данокот на добивка иако фирмата должник нема пари да го подмири долгот. Сметководителите велат дека фирмата која го добила спорот може да биде ослободена од плаќање данок само ако должникот отиде во стечај или ликвидација.

Плаќањето данок на пари кои не се наплатени создава сериозни проблеми во работењето на малите бизниси.

Од министертвото за финансии ја негираа оваа ифнроамција.

Информацијата не е точна. Со последните измени во законот за данок на добивка беше избришан условот за постоење  правосилна судска одлука за да можат трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања да се признаваат како расход.

Измената беше направена од причина што претходната одредба со правосилна судска одлука беше неприменлива во пракса. Односно до сега на компаниите им требала судска одлука за да не им биде наплатен данокот  сега нема таква обврска, се вели во реакцијата од финансии.