Ракомет
4. August 2015 - 8:37

Дамјановиќ: Основна цел ни е пласман на Ф4

Новата ракометарка на Вардар, Сања Дамњановиќ го одработи првиот ден во својот нов клуб, а за амбициите на „црвено-црните“ во сезоната што претстои вели дека се, најмалку пласман на Ф4, а потоа и чекор понатаму.
 
- Сите ние сонуваме за тој пехар, и да одиме чекор по чекор, да видиме каде грешевме. Можеби се посакуваше тој успех и малку прерано, зашто не може за една година да се направи толку голем успех, и да се направи тим. Ќе гледаме ние да ги споиме сите алки, и основната цел ни е Ф4. Прво треба да стигнеме до таму, а потоа ќе видиме, изјави Дамњановиќ за клупскиот веб сајт на ЖРК Вардар.
 
Таа е задоволна од условите за работа и атмосферата во тимот.
 
- Не е шега кога велат дека условите се врвни. Ова ми е прв ден, и верувам брзо ќе се адаптирам. Подготвена сум на секој предизвик. Имам 28 години, и мислам дека е тоа период кога можеш да пружиш најмногу, и доволно млад и доволно искусен да дадеш максимум и постигнеш резултат. Велат дека тоа се години кога се игра најдобар ракомет, и верувам дека е така, дополни бекот на Вардар.
 
Трансферот на српската ракометарка во ЖРК Вардар од страна на ЕХФ беше сместен во ТОП 5 трансфери што се случија летово во женските клубови учесници во Лигата на шампионите.