Македонија
18. April 2021 - 21:17

Дали учениците кои немаат услови да учат од електронски учебници се дискриминирани?

Дигиталните учебници се добра замисла но, само ако Министерството за образование ги обезбеди сите предуслови, вклучувајќи и технички уреди за сите ученици. Во спротивно, децата ќе се најдат во нерамноправна положба. Ваквиот став го делат и од канцеларијата на Народниот правобранител и социолозите.

Во гостувањето во Дневникот на Сител, ресорната министерка рече дека за учениците кои немаат техничка можност ќе обезбедат печатени учебници или таблети на реверс.

Родителите не ја поддржуваат идеjата и реагираат преку социјалните мрежи. Велат дека не сакаат децата да бидат постојано пред екран и нема да дозволат да нема печатени учебници. Според заменик народниот правобранител, комбиниран начин на учење е едно од можните решенија.

Според најавите, од следната школска година само учениците до трето одделение ќе учат од традиционални книги, додека учениците од четврто до деветто одделение и средношколците ќе имаат електронски учебници.