Бизнис
19. September 2019 - 16:44

Дали Македонија може да го контролира трошењето на европските пари?

Може ли земјава да воспостави контрола на трошењето на европските пари? Државен секретар кој беше осомничен дека зел поткуп од 40.000 евра за местење тендер и злоупотреба на европски фондови, пред две недели е пуштен на слобода. За Јахи Јахија пред три месеци ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами отвори предмет, беше осомничен дека зел мито од италјанска фирма за да ја фаворизира. На барање на ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Јахија заврши во притвор, сега тој е слободен.

Од ОЛАФ велат дека парите кое земјите кандидати за ЕУ ги добиваат мора да се трошат домаќински. Европските даночни обврзници за 6 години одвојуваат по 12 милијарди евра за земји како Македонија.

„Наша работа и заедничка одговорност е овие пари да бидат потрошени коректно и на вистинскиот начин, бидејќи сите сакаме тие да стигнат до вистинските корисници и да не завршат во џебовите на измамници“, вели генералниот директор на Европската канцеларија за борба против измама – ОЛАФ, Виле Итала.

Европа бара соработка од институциите во државите кандидати за ЕУ, а министерката за финансии уверува дека се земјава прави значителен напредок за спречување на измамите со парите на европските граѓани.

“Нашата земја континуирано работи на борбата против измами со цел да ја убеди Комисијата дека во целост ја применува нејзината политика на нула толеранција кон измамите“, вели Нина Ангеловска, министер за финансии.

Борбата за домаќинско трошење на европскиге пари, главно, ќе ја водат судските институции. Конкретно. аа Јахи Јахија, осомничениот дека зел поткуп од европските пари, истрагата ќе продлжи. Од обвинистелство за Сител велат дека целиот имот му е замрзнат и платил кауција од 105 000 евра.