Кошарка
28. November 2021 - 11:21

Далас немоќен против Вашингтон

                  Ѕвездата на Далас Лука Дончиќ беше под критики дека е недоволно физички подготвен на стартот на НБА сезоната, и одговори со 33 поени, 10 скока и 4 асистенции, кои сепак, не беа доволни за победа на неговите Далас маверикс, кои загубија со 120:114 од Вашингтон визардс.

 
Во финишот на мечот, преку Колдвел-Поуп и Кајл Кузма, Визардс стигнаа до победа, во која Колдвел-Поуп заврши со 16 поени, а Даниел Гафорд имаше 14 поени и 10 скока.
 
Финикс санс, пак, со 113:107 и совладаа Бруклин нетс, за кои блесна Кевин Дурент со 39 поени, 9 скока и 7 додавања, кои повторно не беа доволни за победа. Девин Букер уфрли 30 поени за Финикс, Крис Пол беше одличен со 22 поени, 8 скока и 5 асистенции.
 
НБА РЕЗУЛТАТИ
 
Филаделфија – Минесота 120:121
 
Аталанта – Њујорк 90:99
 
Бруклин – Финикс 107:113
 
Чикаго – Мајами 104:107
 
Хјустон – Шарлот 146:142
 
Далас – Вашингтон 114:120
 
Јута – Њу Ореланс 127:105