Дачиќ: Создавање на Голема Албанија е заедничка идеолошка платформа на сите Албанци
Создавањето на Голема Албанија е заедничка идеолошка платформа на сите Албанци, која го заплашува Балканот и цела Европа, изјави српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по вчерашното интервју на албанскиот премиер Еди Рама.
- Изјавата на Рама е уште една потврда дека создавањето на Голема Албанија е заедничка идеолошка платформа на сите Албанци, која претставува опасност за мирот и стабилноста на Балканот и Европа, истакна Дачиќ.
Тој праша зошто западните земји не реагираат на некаков начин на таквите изјави.
- Што би се случило ако премиерот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е можно обединување на Србија со Република Српска во БиХ, доколку не не примат во ЕУ? Или молчењето е знак на одобрување?, праша шефот на српската дипломатија.
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност