Дачиќ: Курти „воведе некои негови Срби“ во Владата на Косово за да ги реализираат големоалбанските цели
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска, реагирајќи на назначувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово, изјави дека премиерот на таа влада Албин Курти, „вовел некои од своите Срби за да се остварат големоалбанските цели“.
– Она што го направи Курти е апсолутно спротивно на духот на дијалогот и она што беше кажано во тој бриселски дијалог. Целта отсекогаш била Србите да учествуваат во институциите, затоа и се водеше дијалогот, за да учествуваат Србите кои имаат поддршка од Србите од Косово и Метохија … Тој внесе некои негови Срби во Владата за да ги реализира големоалбанските цели“, рече Дачиќ во гостување на ТВ Пинк.
Според него, Курти најавил избори за декември во општините каде што советниците поднеле оставки и дека тоа е „нов датум за конфликти“, пренесе Бета.
Дачиќ рече дека Курти е „незрел политичар кој со своите потези сака да го дестабилизира целиот регион“ и го нарече терорист. Политиката на Курти, како што рече, е „политика на конфликт, додека простапот на Србија е предвидлив и секогаш се почитува договореното“.
Ново на Сител
-
Пронајден починат мажот кој вчера пукаше во својата невенчана сопруга
-
26 годишна девојка од Тетово го прегазила поранешниот дечко
-
Тренчевска: Не сакаме да направиме решенија што ќе ги уназадат работничките права
-
Јавно обвинителство во Бугарија поведе предистрага поради закани по животот кон Пендиков
-
ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија
-
Средба на министерката Петровска со српскиот министер за одбрана Вучевиќ
-
Путин ги обвини „неонацистите во Украина“ за злосторства против цивили
-
Расчистена разбојничка кражба во Скопје, сторителот го признал делото