Македонија
12. July 2020 - 18:30

Д-р Лазаров: Ова ќе биде последен, евентуално претпоследен викенд со слободно движење

Пред три месеци, кога во земјава имаше 50 или 60 позитивни случаи на Ковид-19, се воведуваше карантин, ограничување на движење и други мерки.

Потоа, нашата, но и околните држави во регионот, одлучија да ги опуштат мерките, со цел враќање колку-толку на економијата, во некој нормален колосек. Но, бевме сведоци како граѓаните изреагираа на ова отпуштање на мерките.

Веднаш се преполнија кафулињата, рестораните, парковите, викендиците, без носење маски, без социјална дистанца. Резултатот дојде само по десетина дена од релаксирањето на мерките.

Од почетокот на јуни, во нашата држава, речиси секојдневно има меѓу 100 и двесте нови позитивни случаи на вирусот корона. Завчера беа забележани рекордни 205 случаи. За жал, има и многу по чинати.

Првите неколку денови, како сите да се подисплашија, па можеше да се забележи загриженост на социјалните мрежи. Но како да станаа нормални бројките, секојдневно да има меѓу 100 и 200 нови случаи, па може да се забележи повторно дека луѓето се премногу опуштени.

Кафеаните се преполни, јабните места исто така, но сега плус се оди и во туристичките центри како Охрид, Струга, Дојран, Маврово. Некои градови како Струга или Ресен, во кои речиси да немаше, или немаше позитивни случаи, сега се своевидни жаришта со корона вирусот.

Да не заборавиме, следната среда кај нас ќе се одржат и изботи, настан кој епидемиолозите го сметаат за значаен во ризикот од ширење на вирусот.

Некако слично сценарио се одвиваше и во соседна Србија. И таму се случија избори, а по нив, пандемиската слика се влоши драстично.

Властите одлучија овој викенд да ја стават земјата во карантин, но по протестите кои им се случија изминатите денови, се откажаа од таквата намера.

Мaтичниот лекар, др. Ненад Лазаров, кој од почетокот на пандемијата кај нас е особено активен на социјалните мрежи, во своите последни статуси предупредува на масовната раздвиженост на младите по локалите и постојано потсетува на фактот дека не сме доволно внимателни и одговорни.

Неговите предвидувања за деновите кои следат, не се премногу оптимистички, напротив:

„Браќа и сестри по Хипократ, ова ќе биде последен, евентуално претпоследен викенд со слободно движење, искористете го за одмор, видете се со семејството, заштитено и внимавајќи на социјална дистанца.