Цветков: Преземени се максимални мерки за непречен откуп на оризот и пченицата

Секој земјоделец што има непродадена оризова арпа и ги предаде количините во откупните центри до 31 јули ќе биде дополнително субвенциониран - со пет денари за килограм ако има до два хектара производство, со четири денари ако има до 10 хектари производство и со три денари ако има над десет хектари, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.
Одговорајќи на пратенички прашања и на обвинувањата од пратеникот Панче Орцев, Цветков нагласи дека Владата ги презема сите можни мерки за непречен откуп на оризот, но и на пченицата.
- СДСМ организираше повеќе штрајкови за да направи проблеми со откупот на оризот, но во тоа не успеа зашто нас не не интересира од која партија, род или етничка припадност е земјоделецот. Нам ни е битен земјоделецот како човек, како производител. Ако најдете еден што е припадник на друга партија, а имал санкции од Министерството, и не добил субвенции, слободно кажете, истакна Цветков.
Тој посочи на состојбата со пазарот на ориз, укажувајќи дека во Грција 100 милиони килограми се непродадени.
- Имајќи предвид дека грчкиот ориз се декларира како „кочански“, автоматски нашиот не може да биде конкурентен во однос на цените кои ги бараат земјоделците. Од тие причини, воведовме дополнителни субвенции за оризопроизводителите. Трговците ни кажаа дека откупот на оризовата арпа за 13 до 15 денари ќе бидат конкурентни во Србија, кој е наш традиционален пазар, потенцира министерот Цветков.
Во врска со пченицата, тој напомена дека оваа година е една од најродните, но тоа не значи и дека е најдобра во однос на откупот. Затоа се обезбедени две мерки - дополнителни субвенции од 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм, како и складирање на вишокот род во силоси со тоа што 80 отсто од цената за складирање ќе го плати Министерството.
- Нема никакво незадоволство за откупот на пченицата. Моментно просечната цена е 8,65 денари, а не обезбедивме дополнителни два, што значи вкупно 10,65 за земјоделците, посочи Цветков.
Годинава се очекуваат 3.850 килограми по хектар пченица, досега се откупени 46.000 тони, а до крајот се очекува откуп на максимални 80.000 тони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
