ЦУК: Поплави и тешкотии во сообраќајот во повеќе региони

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на ноќта предизвикаа поплави, излевање реки и тешкотии во сообраќајот. Најголеми проблеми се регистрирани во Тетовско-Гостиварскиот, Охридско-Кичевскиот и Битолско-Преспанскиот регион, каде службите за итно дејствување веќе интервенираат.
Како што соопштуваат од ЦУК, во тетовскиот и регион гостиварскиот локалниот пат меѓу селата Форино и Тумчевиште е тешко прооден, а забележано е излевање на Лакавичка река во селото Мало Турчане и на Сушечка река во Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.
Во Охрид се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации, а реката Далјан е излеана од коритото, при што се поплавени голем број куќи. Локалната самоуправа и Кризниот штаб постапуваат по пријавите, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.
Во Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе станбени објекти, а околу 100 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“. На евакуираните им е обезбедена храна, вода и основни потреби, а на терен интервенирале екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, ЈП Комуналец и Општина Кичево. Дополнително, регистрирани се излевања на Зајашка река во реонот над стадионот „Влазрими“ и новото училиште „Санде Штерјоски“ и реката Треска, со поплави на земјоделско земјиште во околните села.
Во Битолскиот и Преспанскиот регион врнежите предизвикале зголемување на водостојот и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. За утврдување на приоритетите и координација на активностите на терен, Кризниот штаб на Општина Битола закажал состанок во 9 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен насилник од скопско, физички ја нападнал малолетната ќерка
-

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника - уверува министерката Димитриеска-Кочоска
-

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците, а уште една се анализира
-

18 годишник по расправија со нож тешко повредил сограѓанин во Тетово
-

Во тешка сообраќајна несреќа загина возач кај Демирхисарско
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога
