-->
-->
Цртаниот „Прасето кое сакаше да биде птица“ номиниран за специјална награда на УНЕСКО 2016
-->

Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ е номиниран за специјалната награда на УНЕСКО 2016.
Наградата ја доделува германската комисија за УНЕСКО за детски телевизиски програми кои промовираат разбирање и толеранција на различните култури.
„Прасето кое сакаше да биде птица“ има за цел преку приказната да ги научи децата да ги почитуваат различностите и да го разберат значењето на концептите, како еднаквост и рамноправност без разлика на изгледот, говорот...
Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата се на Елеонора Венинова, а анимација е на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
