Балкан
2. November 2017 - 12:23

Црна Гора ќе купи три американски хеликоптери Бел

Црна Гора планира да купи хеликоптери од американската компанија Бел, позната по производството на повеќенаменски лесни летала. 

Според весникот Вијести, Министерството за одбрана планира да купи три хеликоптери, а за набавката се одвоени 29,9 милиони евра од буџетот за 2017 година.

- По собирањето на понудите од компаниите кои ги исполнија техничките спецификации, црногорското Воздухопловство му предложи на Министерството за одбрана да се набават хеликоптери од компанијата Бел од Форт Ворт, Тексас, соопшти Министерството за одбрана на Црна Гора.