Македонија
19. May 2018 - 17:03

Ципрас ги брифира лидерите- опозицицијата протв предлогот Република Илинденска Македонија

Нема решение за името без претходно да се направи уставна ревизија со термин кој ќе биде „ерга омнес“. Грчкиот премиер ципрас го повторил владиниот став по прашањето за името на SREDBATA SO претседателот Павлополус. Ципрас потенцирал дека и натаму остануваат на линијата која Грција ја има веќе две децении.

- Сакаме решение што ќе издржи низ времето и ќе биде издржливо. Затоа не правиме избрзани чекори и главно во секој детал ги браниме основните азспекти на национална линија за изнаоѓање заедно прифатливо решение кое ќе биде за севкупна употреба и за надворешна и за внатрешна. За што пресдуслов е уставна ревизија, промена на уставното име но и уставна ревизија што ќе доведе до гаранција за елиминарње на секаков облик на иредентизам за да се тргнат пречките меѓу двата соседни народи, изјав Ципрас.

Поилитичките сили можат да имаат разлики меѓу себем разлики кои што се легитимни би рекол природни во една вистинска демократија, но по нашите најголеми прашања како што се националните потребено е што е можно поголем консензус за да издржат низ времето.

Ципрас телефонски ги брифирал и лидерите на политичките партии во парламентот. Опозицијата остро се спротиставува на предлогот Република Илинденска Македонија. Лидерот на НЕА ДЕМОКРАТИЈА Кирјакос Мицотакис и поранешниот министер за надворешни Евангелос Винизелос сметаат дека предлогот  иредентистички и неприфатлив бидејќи Илинден се поврува историски и директно со напорите за формирање „македонска “ држава која го вклучува Солун и се протега до Егејското Море.  Против ова име се и од комунистичка партија на Грција а во разговор со Ципрас, лидерот на грчките комунисти  рекол  дека предлогот Илинденска е етничка  а не географска одредница, што е во спротивност со основното барање на Грција. Илинденска Македонија е неприфатливо решение и за лидерите на партиите од центарот, тие се против сложено име кое ќе го содржи терминот Македонија.