Балкан
30. September 2018 - 10:31

Циклонот Зорбас направи пустош на Пелопонез

Поплавени и затворени улици, потонати чамци и материјална штета остави зад себе циклонот „Зорбас“ во делови од полуостровот Пелопонез и областа Атина (поширокиот регион на Атина) во текот на вчерашниот ден.

Медитеранскиот циклон денеска се движи кон источна и северна Грција.

Обилниот дожд и силниот ветер, создадоа проблеми во повеќе општини на Пелопонез. Голем број улици се претворија во реки, а циклонот предизвика големи бранови и проблеми во приморските градови.

Циклон Зорба Грција

Во текот на вчерашниот ден, во градот Каламата на Пелопонез, 14 чамци и бродови од различен вид и големина, потонаа и претрпеа материјална штета додека беа закотвени, без притоа да има повредени лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека до полноќ примиле 1018 повици за пренесување лица на безбедно место, за интервенција со затнати канализации и за сечење дрва. Повеќе од половина од повиците биле од градот Коринт на Пелопонез, 543.

Циклон Зорба Грција

Доцна синоќа, грчката полиција затвори неколку булевари за сообраќај во Атина, а денеска е забрането движењето на возила на повеќе локални патишта на Пелопонез