Loading Video...
Тенис
11. August 2018 - 18:48

Циципас му се реваншира на Зверев

Ново изненадување на младиот грчки тенисер Стефанос Циципас на турнирот во Торонто. По Ѓоковиќ успеа да го елиминира и третиот светски тенисер Александар Зверев од кого загуби во Вашингтон.

            Дуелите помеѓу овие млади тенисери стануваат се поинтересни бидејќи се очекува нивното ривалство да ја засени доминацијата на ветераните.

            По триумфот на Зверев во првиот сет со 6-3 се очекуваше негова нова победа но се чини решавачки беше вториот сет кој Циципас го доби во тај-брејкот и го искористи психолошкиот момент полесно од очекувањата да го добие третиот сет.

            Негов противник во полуфиналето ќе биде Кевин Андерсон кој во два сета со само четири загубени гема го елиминира Бугаринот Димитров.

            Во второто полуфинале ќе играат  Рафаел Надал кој беше подобар од Марин Чилиќ во три сета и Русинот Карен Качанов кој убедливо славеше против Робин Хасе.