Свет
29. September 2015 - 23:01

Чуркин: Зградата на ОН е под команда на Обама

Присуството на претставници на Косово на собирот за борба против теророзмот, што во седиштето на Светската организација го организраа САД, јасно покажува дека зградата на ОН е под команда на американскиот преседател Барак Обама, изјави денска рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин.

- Тие (косовски претставници) седат во салата заедно со претставниците на членките на ОН. Тоа не е в ред. Одржувањето на ваков состанок, јасно покажува дека (САД) не ги почитуваат ОН. Тоа е против правилата на ОН, смета Чуркин.

Според него, со тоа што САД ги поканиле на состанокот и претставниците на Косово,  покажале оти „се во зградата на ОН е под команда на Барак Обама“.

Средбата одржана на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, чиј домаќин беше Обама, беше посветена на борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), на проблемот со регрутирањето странски борци од страна на екстремистите и на севкупното справување со милитантите ширум светот.

Чуркин изрази и незадоволство од собирот, бидејќи како што рече Светската организација имаат сопствена стратегија во борбата против тероризмот, а со ваквата средба „сериозно се поткопуваат напорите на ОН во тој правец“.

На собирот присуствуваа претставници на над 100 земји, меѓу кои и на Русија.