Живот
3. May 2016 - 14:42

Чудо: На Младен кокошките му несат обоени јајца

Станува збор за два вида кокошки - маранс и араукана кои несат јајца со темнокафеава боја како и зелени.

Младен Гороњиќ од Приједор вели дека јајцата не се многу поинакви од обичните, барем кога станува збор за јачината.

-Тоа се јајца од стара чилеанска раса на кокошки араукана, кои се нешто поситни од марансот, а јајцата наводно им се без холестерол, иако јадат храна како и останатата живина во мојот двор, вели Младен.

Foto Printscreen klix.ba/srna

Тој додава дека во организмот на кокошката во текот на формирањето на лушпата има одредени пигменти кои на јајцата им даваат необична боја, слично како што се обоени и јајцата на препрелица, кои исто така ги има во својот двор.

Младен повеќе од две децении се занимава со ситни животни.

Освен препелици, има и 4-5 видови на украсни патки, лебеди и гуски, а и неколку раси на украсни фазани, пауни, џиџески кокошки, грлици, виетнамски џуџести свињи, куни, а има и одгледувалиште за кучиња од расата американски стратфорски териер.