Македонија
3. May 2017 - 13:01

Чии се отисоците: Детали за експлозивната направа пронајдена во Собранието

 
 
Вчера во 17.28 часот во ЕИК Скопје началникот на обезбедување на Собрание на Република Македонија пријавил дека во Собранието, во ходникот на првиот кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа (петарда со фитил кој бил залепен со селотејп за плинска боца за полнење на запалки).
 
Од страна на екипа од Одделот за антитероризам, импровизираната направа е подигната од местото за понатамошна постапка.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.