Loading Video...
Кошарка
20. August 2019 - 17:07

Четврти убедлив пораз на македонските кадетки

Нов пораз на македонската женска кадетска кошаркарска селекција на првенството во Софија. 
 
Македонската репрезентација на кошаркарки до 16 години го претрпе и четвртиот убедлив пораз во Б дивизијата на првенството што се одржува во Бугарија. 
 
Во натпревар од последното 4.коло на Ц групата нашите кадетки загубија од врсничките од Украина со 80-37 
 
По овој пораз црвено-жолтите ќе разигруваат за пласман од 17-то до 23-то место, а прв противник во четврток ќе биде селекцијата на Косово која како и нашата има максимални пет пораз во Ц групата.