Loading Video...
Тенис
9. September 2019 - 9:58

Четврти триумф на Надал на УС Опен

 
Рафаел Надал е победник на последниот Гред-слем тениски турнир годинава УС Опен. 
 
До својот четврти трофеј во Њујорк, Шпанецот стигна со победата над Русинот, Данил Медведев во мечот кој траеше безмалку 5 часа, а во кој беа одиграни малсимални пет сета. 
 
Надал ги доби првиот, третиот и решавачкиот пети сет со идентични 7-5, додека вториот и четвртиот му припаднаа на Русинот со 6-3 и 6-4.  
 
Со овој триумф Надал стигна до својата 19-та титула од Гренд-слем турнирите и е на една помалку од најуспешниот во историјата Роџер Федерер кој има 20-трофеи. Трет на листата е Новак Ѓоковиќ со 16 трофеи на турнирите од „големата четворка“.