Свет
17. September 2017 - 14:19

Четворица загинати при експлозија на пазар во Авганистан

Најмалку четири лица загинаа, а 14 други се ранети денеска при експлозија на пазар во провинцијата Кост во југоисточниот дел на Авганистан.

Како што соопшти шефот на полицијата на Кост, Фајзулах Каирт експлозијата се случила во делот на пазарот каде што се продаваат опрема и додатоци за мобилни телефони.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.