Балкан
16. October 2021 - 9:20

Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во хотел во Албанија

Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја.
 
Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување.
 
Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот.
 
– Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена и руската Амбасада, стои во полициското соопштение.
 
Според Топ чанел починатите лица се Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), Екатерина Буренкова (31) и Никита Белоусов(37).