Македонија
6. July 2018 - 8:38

Четири сообраќајки вчера во Скопје, повредено едно лице

Едно лице било полесно повредено во една од вкупно четири сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување,  како и 12 возачи за некористење на заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 69 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.